Три лица се повредени во експлозија што денеска се случи на азиската страна од Истанбул.
Според полицијата, експлодирал пакет што курир го испорачувал во елекстронска компанија во Малтеп, дел од градот познат како комерцијален и станбен.
Турција е во состојба на зголемена внимателност во изминатите недели поради голем број напади и закани од ИД, Курди и левичарски милитантни групи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.