НК за КР Гостивар поднесе кривична пријава против Џ.Д. (55) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело насилство.
Пријавенот на 19 септември повикал мајстори (негов сосед) да постават олук на неговата куќа, но истиот не бил поставен според договорот. Џ.Д., кога видел дека олукот е поставен спротивно на договорот, му се јавил на соседот да се видат, но истиот не можел веднаш да одговори на барањето. Дошол околу 17.00 часот и видел дека олукот бил искршен. Истиот отишол во дворот на Џ.Д. каде што настанала вербална расправија, по што соседот со нога му направил оштетување на автомобилот „застава 101“. Потоа Џ.Д. зел шрафцигер и го нападнал соседот, нанесувајќи му исеченица во пределот на рамото.
Џ.Д., во намерата да го продолжи делото, бил спречен од друг сосед кој успеал да му го одземе шрафцигерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.