| четврток, 6 декември 2018 |

Театар за деца и младинци подготви нова претстава „Гига мега бајка“ (фотогалерија)

Актерите, Мартин Јорданоски, Симона Спировска, Мики Анчевски и Бојан Кирковски вложуваат натстандарден напор, многу фантазија и идеи за да посветено ја пренесат идејата

„Гига Мега Бајка“во режија на Хана Миленковска и текст на Горјан Милошевски е новата претстава која ја подготвува Театарот за деца и младинци.

– „Гига мега бајка“ е приказна која сака да ја поттикне имагинацијата кај децата и кај возрасните. Во неа се преплетуваат „Црвенкапа“, „Заспаната убавица“, мотиви и фрагменти од други познати бајки. Така ја добиваме, всушност, нашата нова „Гига мега бајка“ – велат од ТДМ.

unnamed-4

Четири актери, со малку технички средства, со слоевита актерска игра, индуктивно ја градат оваа нова хибридна бајка. Пораката е дека секој треба да биде свој во раскажувањето, дека во светот на приказните сами ги создаваме правилата, а и сами доаѓаме до сопствени поуки.

unnamed-3

Во заедничкото креирање на приказната, режисерката Хана Миленковска и авторот Горјан Милошевски, веќе ја интергрираат едноставноста на изразот на сцена. Акцентот е ставен на актерската игра и на моќта на детската имагинација.

Актерите, Мартин Јорданоски, Симона Спировска, Мики Анчевски и Бојан Кирковски вложуваат натстандарден напор, многу фантазија и идеи за да посветено ја пренесат идејата. Нивната исклучителна духовитост и вештина создаваат драмска слика во служба на автентичноста, свежата содржина и разбивањето на стереотипната нарација.

unnamed-2

Брливиот и креативен печат на сценографот Владимир Лукаш и топлите и комични костими на костимографката Елена Додевска во соработка со прецизниот сценограф, Кире Василев, точните, духовити и креативни движења на кореографот Валентино Апостоловски како и современиот и динамичен звук на композиторот Виктор Апостоловски, се надополнуваат на главната намера, внесуваат нови аспекти и ги прават бајката и чувството за бајка побогати – вели драмскиот автор и драматруг Горјан Милошевски.

unnamed-1

unnamed

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top