Белград и Приштина постигнаа договор за телекомуникациите со кој Косово ќе добие меѓународен повикувачки број, а Србија ќе го зачува имотот на „Телеком Србија“ на Косово, јави дописникот на „Мета“ од Белград.
Според договорот, Србија е должна до 3 декември до Меѓународната унија за телекомуникции (ИТУ) да достави писмо со кое дава согласност на Косово да му се додели меѓународен повикувачки број. ИТУ до 15 декември ќе му го додели на Косово повикувачкиот број 383, а сите меѓународни повикувачки броеви кои ги користат фиксните и мобилните провајдери на косови – 381,377,386 ќе бидат исфрлени од употреба.
Како што вечерва соопшти шефот на владината канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ, во исто време повиците од Србија кон Косово ќе бидат третирани како домашни меѓуградски повици.
Ѓуриќ рече дека Србија успеала да го зачува имотот на „Телеком“, кој се пренесува на МТС Д.О.О“, ќерка компанија на „Телеком“ на Косово. Официјална Приштина се обврзува на компанијата да и издаде привремена дозвола за работа во согласност со законите на Косово.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји