Според тренинзите во претходните два дена и очекувано беше Луис Хамилтон да ја освои пол позицијата на патеката Интерлагос во Бразил. Британецот повторно беше најбрз во квалификациите со време од 1:10.860 минути.
Борбата ќе се води помеѓу него и Нико Розберг, кој заврши на втората позиција со минимално заостанување зад него. На третата позиција заврши Кими Раиконен, а зад него ќе биде пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен.
На две трки до крајот разликата помеѓу Розберг и Хамилтон е 19 бода, а според формата на Британецот, борбата за титулата по се изгледа ќе биде префрлена на последната трка во Дубаи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.