| четврток, 6 декември 2018 |

Педесетгодишен битолчанец изгоре во пожар

pozar kukjaOпожареното тело на сопственикот на кат од куќата е најдено откако ноќеска околу 02 часот избил пожар во објектот во Битола.

На ул. „21“ настанал пожар во куќа кој го зафатил и целосно го опожарил третиот кат, сопственост на Н.Т. (50). При гасењето на пожарот од Бригадата за противпожарна заштита Битола било пронајдено неговото опожарено тело.

По наредба на Јавен обвинител телото било предадено за обдукција. Увид на местото на настанот ќе се врши во текот на денешниот ден кои ќе ги утврди причините за настанувањето на пожарот

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top