Денес во технолошко индустриската развојна зона во Скопје почнува со градба втората македонска инвестиција. Станува збор за компанијата “ФПЦ Технопласт” која е фирма-ќерка на компанијата “Тетепласт”, која функционира во Македонија скоро 20 години и своето производство, пред се, го наменува за странскиот пазар.
Со денешниот настан се одбележува една нова етапа од работата на оваа домашна компанија, почеток на една сериозна инвестиција која се проценува на околу 10 милиони евра и која треба да отвори 200 нови работни места во Македонија. Тоа значи сигурна егзистенција на 200 семејства, напиша на Фејсбук претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и ја поздрави втората домашна инвестиција во ТИРЗ Скопје 1.
„Планирано е инвестицијата да се реализира во две фази, од кои, во првата фаза ќе се вработат првите 100 луѓе, а по целосното комплетирање на оваа домашна инвестиција ќе се стигне до бројката од 200 вработувања. Целокупното производство на оваа компанија ќе биде наменето за извоз. Целта на оваа инвестиција е резултат од потребата за реализација на веќе постоечките проекти кои ги имаат за реномираните компании од автомобилската и електроиндустријата“, објасни Груевски.
Договорот за инвестирање се потпиша уште во декември минатата година кога на чело на Владата беше Никола Груевски, , а првите контакти со оваа компанија беа остварени преку Катерина Димовска, поранешен инвестициски промотор во Хрватска и Норвешка, потоа вработена во Владата и посветена на барање инвеститори од странство, но и од Македонија.
Ценејќи ја посветената работа на својот тим, Груевски искана дека оваа инвестиција се реализира и како резултат на макотрпната работа на Зоран Ставрески и Владимир Пешевски, како и на директорот за Дирекцијата за технолошки индустриски зони, Виктор Мизо.
„По „Хај тек” ова е втора домашна компанија која инвестира во зоните под исти услови како и сите странски компании, што е уште еден демант на невистините произлезени од нашите политички противници кога тврдеа дека зоните се само за странски компании. Ние продолжуваме да работиме и да се бориме за секое работно место. Отворањето на нови работни места е тоа што на граѓаните им носи конкретна корист и ги решава нивните проблеми, тоа е она што е одговор на нивните барања. Ние продолжуваме понатаму заедно со граѓаните да создаваме уште многу заеднички дела за напредна и подобра Македонија.“, завршува Греувски.
За „ФПЦ Технопласт“
Технопласт е првата домашна компанија која пред нецела година потпиша договор за инвестирање во Технолошко индустриска развојна зона (ТИРЗ) Скопје 1 Бунарџик.
Инвестицијата од 10 милиони евра со која ќе се отворат 200 нови работни места ќе се реализира во две фази, при што во првата фаза ќе бидат инвестирани шест милиони евра за изградба на објектот и за набавка на нова опрема, а во втората фаза ќе бидат вложени четири милиони евра и ќе се инвестира во развој на технологии.
Во двете фази ќе бидат вработени по стотина лица. Инвестицијата ќе се реализира за период од десет години. Договорот го потпишаа директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, Виктор Мизо и сопственикот на компанијата Борче Тодоровски во присуство на премиерот Никола Груевски и вицепремиерите Зоран Ставрески и Владимир Пешевски.
Компанијата ќе се занимава со производство на алати и пластични компоненти наменети за автомобилската, електричната и електроиндустријата. Целокупното производство на компанијата ќе биде наменето за извоз. Целта на оваа инвестиција е наменета од потребата за реализација на веќе посточеките проекти кои ги имаме за реномираните компании од автомобилската индустрија како што БМВ, Ауди и Рено кои веќе се во фаза на реализација.
–Нашата цел е да ја продлабочиме соработката со странските инвеститори лоцирани во индустриските зони – истакна Тодоровски по потпишувањето на договорот.
Како што информира директорот на Дирекцијата на ТИРЗ, објектот ќе се протега на површина од 3.000 метри квадратни, а компанијата има закупено површина од околу 12 илјади метри квадратни во ТИРЗ. Планирано е објектот да биде изграден до март 2017 година. Претходно и домашната компанија „Хајтек“ ја потврди својата одлука за инвестирање во слободните економски зони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски