| четврток, 6 декември 2018 |

Направил селфи и ја открил положбата на руската флота – војник може да биде казнет

%d0%b2%d0%be%d1%98%d0%bd%d0%b8%d0%ba
Руски морнар од крстосувачот “Петар Велики” би можел да биде казнет затоа што на палубата направил сефли и фотографијата ја поставил на социјалните мрежи, со што ја открил моменталната положба на бродот.

Морнарот се фотографирал на крстосувачот во близина на источниот брег на Крит, а новинарот Ханс де Вриј со помош на селфито ги одредил точните координати на бродот и положбата на флотата.

%d0%b2%d0%be%d1%98%d0%bd%d0%b8%d0%ba2

Засега не е познато дали морнарот за оваа постапка ќе биде казнет, пренесува Washington Free Bacon.

Според наредбите на Министерството за одбрана на Русија, за време на служба строго е забрането користење на мобилни телефони, како и било какви други радио-уреди.

Тој не е единствен кој го направил тоа. Новинарот објавил уште неколку фотографии кои ги направиле руските морнари.

Наредбата од 2009. година е нешто поблага, одредувајќи на кои места и во кои простории е дозволена употребна на мобилен телефон.

%d0%b2%d0%be%d1%98%d0%bd%d0%b8%d0%ba3

Кога станува збор за фотографски апарати, нема строга забрана.

Вадим Соловјов во 2014. година предлагал нацрт закони според кои на руските војници би им се забранило на интернет да објавуваат фотографии и видео снимки од воени единици и вежби.

Таквите забрани постојат и во други земји, па и во американската војска, потсетува рускиот портал Взгијад.

Во Русија, меѓутоа, постои забрана за откривање на воени тајни, која овој морнар веројатно ја прекршил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top