За разлика од убавата, но повлечена Иванка, другата ќерка на Доналд Трамп, Тифани, е прилично интересна за медиумите. Русокосата Тифани, бизнисменот ја добил во бракот со актерката Марла Мејплс, поради која се развел од претходната сопруга, Ивана. Името го добила по дуќанот „Тифани Компани“ над кој се наоѓа „Кулата Трамп“, а таа пораснала во Калифорнија, живеејќи со својата мајка.
Дипломирала социологија и урбана култура, а меѓу нејзините пријатели се и повеќе членови на американската елита. Фотографии од Тифани може да се најдат на Инстаграм профилот „Богатите деца од Инстаграм“, а најчесто објавува слики од жешки и диви забави.
Минатата година, таа се забавуваше со 21годишен студент по програмирање, инаку демократ кој ја поддржа кампањата на Хилари Клинтон.
Во текот на студиите, Тифани работела и за магазинот „Вог“ а во еден период сакаше да започне кариера и како пејачка, но нејзиниот обид заврши безуспешно. Тифани се обидела да зачекори и по модните писти, но за разлика од Иванка, не се докажала ни како модел.
Дека таа не е миленичка на својот татко, најдобро сведочи неговата изјава дека е горд на сите свои деца, но со Тифани нешто помалку.
-Горд сум на своите деца, многу ги сакам и можам да ги посочам како пример за добро однесување. Дон, Ерик, Иванка, а Тифани нешто помалку, но таа само што заврши факултет, иако и таа е одлична. Сите напорно работат- изјавил бизнисменот и новоизбраниот претседател на САД.
Тифани може да има мала предност кај нејзиниот татко, бидејќи тој не го ни споменал најмалиот Барон. Но, тој има само десет години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.