| четврток, 6 декември 2018 |

Ни Меланија ни Иванка – Тифани Трамп е хит на порностраниците

tifani
Тифани Трамп, ќерката на Доналд Трамп, од неговиот втор брак со Марла Мејпл, овие денови неочекувано станала ѕвезда на страниците за возрасни.

Сепак, Тифани не се појавува во ниеден порнофилм, но тоа не ги спречило фановите на таквите содржини да го пребаруваат нејзиното име на порностраниците.

tifani3

Имено, според статистиката на една од најголемите порностраници на светот, интересот за Тифани Трамп по изборот на нејзиниот татко за претседател на САД пораснало за неверојатни 9128 проценти, односно нејзиното име толку пати повеќе се пишувало на споменатиот сајт.

tifani2

И интересот за останатите членови на семејството Трамп пораснал, па така името Меланија Трамп по изборите било пребарувано за 1538 проценти повеќе, Иванка за 1169 проценти повеќе, а самиот Доналд за 874 проценти повеќе.
Сепак, велат од споменатиот сајт, и покрај ненадејната популарност на втората ќерка на Трамп, Доналд сепак останува најомилен меѓу корисниците.

-Доналд и натаму е најпопуларен Трамп според термините кои се пребаруваат, но најмногу поради многуте пародии направени на негова сметка. Дури и со растот на Тифани од 9128 проценти, таа не го надминала својот татко кај нашите корисници- велат од порно сајтот.

Како што наведуваат понатаму, целото семејство Трамп по изборите на 9. ноември имало 250.000 пребарувања, а трендот продолжува да расте.

Дека редовните посетители на порно страните редовно следат и политички случувања, докажува и податокот дека откако Трамп изјавил дека Алиса Макадо, која ја нарекол Мис Пиги, поседува порно снимка, нејзиното име се нашло на врвот на пребарувањата на порно страните.

-Тој ден претрагата за нејзиното име порасна за повеќе од 3.000 пати. Тоа беше изненадување и за Лиса Ен, која обично е најбарана на сите големи веб страни- порачуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top