| четврток, 6 декември 2018 |

Мурињо нема да штеди, нов мегатрансфер во Премиер лигата?!

mesut-ozil

Португалскиот стратег Жозе Мурињо нема посакуван старт со Манчестер јунајтед откако пристигна на „Олд трафорд“, па иако доби значајни засилувања ова лето, тој допрва планира целосно да го реконструира тимот на „црвените ѓаволи“. На Мурињо сега му недостига вистински креатор на играта, а размислува за нов мегатрансфер и ангажман на германскиот интернационалец Месут Озил од ривалот Арсенал.

Како и досега, раководството на Манчестер јунајтед ќе се обиде со добро испробаниот и успешен рецепт. Огромна неделна плата и можност да се игра н „Олд трафорд“, што малкумина фудбалери во светот би го одбиле како понуда.

Јунајтед планира да му понуди на Озил неделна плата од 250.000 фунти, што е речиси двојно од заработувачката што тој во моментот ја има во редовите на Арсенал и изнезува 140.000 фунти. Озил преговара и со „топчиите“ за продолжување на договорот, а засега челниците на клубот од „Емирати“ се подготвени да му дадат неделна плата од 200.000 фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top