| четврток, 6 декември 2018 |

Шокантни снимки на Анџелина Џоли: Може да ѝ ги одземат децата

Анџелина Џоли побара целосно старателство над шесте деца кои ги има заедно со Бред Пит, а во тек е бракоразводната парница. Но, нејзиниот план да биде единствен старател се доведува во прашање поради, наводно, постоење на нејзини шокантни снимки.

Како што пишува „Сан“ овие аудиозаписи може да ја посрамотат славната актерка и да му помогнат на Бред да го добие старателството.

– Веруваме дека постојат аудиоснимки на Анџелина, кои би биле бомба за неа ако бидат објавени. Никој не сака да игра валкано, но Анџелина и нејзиниот тим се цврство решени да го дискредитираат Бред за тој да не го добие старателството – рече извор близок на Џоли.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top