Вчера во 10.30 часот во ЕИК Скопје, од страна на Бригадата за противпожарна единица, добиена е пријава дека во 9.30 часот во с. Волково, Скопско, на ул.„70“ се случила експлозија во една од собите на горниот кат од куќата.
До експлозијата, најверојатно, дошло од вклучена греалка во чијашто близина имало боца со гас од три литри од која истекувал гасот, по што настанал и пожар. Ѓ.Ч. (60), при обид да го изгасне пожарот, се здобил со изгореници од прв и од втор степен во пределот на главата и на дветте раце. Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен на пластична хирургија при Ургентен центар – Скопје, каде што бил задржан за следење на здравствената состојба.
За време на експлозијата на долниот кат биле снаата и внуката, кои не биле повредени.
Од пожарот целосно била оштетена само една соба во која изгорел инвентарот, како и носечка дрвена конструкција од покривот.
Увид бил извршен од екипа на ЕНК-ОКСД и на ЕУМНА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.