| четврток, 6 декември 2018 |

Од Белата куќа, под кирија: Обама прв комшија на Клинтонови (ГАЛЕРИЈА)

Барак Обама зад себе остава два претседателски мандати, а Белата куќа ќе треба да му ја отстапи на новоизбраниот претседател. Сепак, новата и во куќа нема да му недостига луксуз. Куќата, според изјавите, била во сопственост на Џо Локхарт, кој служел во Белата Куќа во времето на Бил Клинтон

Претседателот на Америка Барак Обама решил да обезбеди луксуз  за себе и за своето семејство  и откако ќе му истече мандатот во Белата куќа.

naslovna 1

Барак и Мишел Обама така изнајмиле куќа  чија вредност  се проценува на четири милиони долари, каде ќе се повлечат по  крајот на неговата претседателска кариера.

obama-dnevna

Куќата е направена во 1928 година и има девет спални соби и осум бањи, а  му припаѓа на Џо Локхарт, новинар кој некогаш работел како човек за односи со јавноста на поранешниот претседател на Америка Бил Клинтон.

kamin

И откако Обама повеќе нема да биде претседател на Америка, тќе ги ужива привилегиите кои таа позиција ги носи, па така членови на Тајната служба ќе продолжат да го чуваат него и неговото семејство.

kujna

Куќата се наоѓа во Вашингтон, само неколку километри до центар во населба која се смета за најлуксузен дел од градот. Френлин Рузвелт исто така некое време живеел во оваа куќа, додека бил генерален секретар на Морнарицата. Првите соседи на Обама е токму семејството Клинтон.

q1

Барак, Мишел, Малиjа и Саша на 20 јануари ќе се сместат на површина од 762 квадратни метри. Обама ќе остане со семејството во Вашингтон додека помалата ќерка Саша заврши средно училиште, до 2018 година и тој е со став дека преселбата за една средношколка би била многу тешка. Месечната кирија на семејството ќе изнесува 22.000 долари.

q2

По напуштање на службата Обама ќе се посвети на организација која работи на подобрување на животот на обесправените црнци и Латиноамериканци.

obama-kujna

Иако му е обезбедена доживотна пензија, на шега дофрлил и дека кога за неколку месеци ќе се најде на пазарот на трудот, ќе пристапи кон креирање на профил на професионалната мрежа LinkedIn.

q3

Очите на јавноста се вперени и во Мишел Обама, со прашања дали за неколку години таа ќе посака да седне на претседателската фотелја. За ова нејзиниот сопруг изјавил дека е талентирана и прекрасна личност, но дека нема трпение или наклонетост кон претседателска трка.

q5

q11

q12

q13

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top