| четврток, 6 декември 2018 |

Луд по Дара Бубамара – кошаркарот остана без клуб заради пејачката

%d0%b4%d0%b0%d1%80%d0%b0

Дара Бубамара јавно призна дека и е преубаво со 12 години помладиот кошаркар Душко Буниќ.

-На Дуле, Дара многу му се допаѓа, ужива со неа во секој момент, па затоа одби на потпише договор со словенечки клуб. Дури и таа му советувала да го прифати договорот, но тој сфатил дека во тој случај помалку ќе се гледаат, бидејќи тој би морал да се пресели во Словенија, а таа поради работата и онака е растргната на сите страни. Тоа никако не му одговара бидејќи се на почеток на врската и не сака да се одвојува од неа. Кога и соопшти на Дара  дека го одбил клубот, таа се шокирала. Не можела да верува дека тоа го направил заради неа – раскажал другар на момчето на Дара и додал:

%d0%b4%d0%b0%d1%80%d0%b02

-Тие двајцата имаат договор тој да не ја следи на настапи и да не изигрува нејзин потрчко. За викенд отидоа во Виена за да избегаат од љубопитните погледи. Душко сепак не навикнал на медиумите, па сега му е чудно откако се дознало за нив, бидејќи секој ден ги има во весниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top