ВМРО-ДПМНЕ денес потпиша уште четири меморандуми за соработка со здруженија. Станува збор за СОНК, Здружението на пензионери, Сојузот на синдикати и здружението Слободни синдикати.
Лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, кој ги потпиша меморандумите истакна дека отворањето на нови работни места останува во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој потенцира дека до сега се отворени нови 160.000 работни места, а невработеноста е доведена до историски најниско ниво, од 38 % на 24%.
-Нашата задача и основна фокусираност беше и останува отворањето на нови работни места. Резултатите кои ги постигнуваме на тој план се забележителни, новоотворени се над 160 илјади работни места и имаме пад на невработеноста од 38% на 24%. Нашата девиза од самиот почеток беше дека најдобрата социјална политика е политиката на отворање на нови работни места. Ако пред извесен период главната тема која што се наметнуваше е потребата од обезбедување на работа, сега преминуваме на следна фаза каде се говори за дополнително унапредување на стандардот, примањата, говориме за условите за работа.Тоа значи дека процесите се движат напред, дека стандардите се зголемуваат исто како и очекувањата, и ние сме подготвени да говориме и за тоа, и низ еден заеднички дијалог со синдикатите убеден сум дека ќе постигнеме повеќе на планот на работничките права и понатамошно унапредување на условите за работа.
Работниците се носителите на развојот на сите главни процеси во едно општество. Ние како политичка опција први ветивме но и реализиравме воведување на загарантирана најниска плата. И низ еден континуиран процес од 8.050 денари се дојде до сума од 10.080 денари. Исто така и просечната исплатена плата бележи тенденција на континуиран раст, а во соработка со синдикатите отворени сме да донесеме и други мерки кои што ќе влијаат на унапредувањето на состојбите во различните сфери и области значајни за работниците како во образованието, во администрацијата, индустријата, градежништвото, здравството, финансискиот сектор, туризмот, занаечиството и итн., рече Груевски.
Пензионерите исто така остануваат врвен приоритет, како што беше до сега така и за во иднина.
Груевски потенцира дека изминативе години пензиите се покачени за 70 проценти, а најниската пензија е поголема за дури 90 отсто. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека сето она што досега било ветено е реализирано, а во таа насока и ќе се продолжи.
-Наш приоритет во досегашното и понатамошното работење се и пензионерите. Периодот зад нас е период кога преку голем број на мерки и проекти покажавме што значи искрена грижа и поддршка за пензионерите. Мерки и проекти кои значеа изградба на сеопфатен систем кој овозможува достоинствен, посигурен и посреќен живот на нашите сограѓани – пензионерите, и со кои јасно се покажува нашата определба да им се помогне на овие граѓани. Во период на сериозна политичка криза продолживме со зголемувањето на пензиите. Минатата година тие се покачија за 5%, а исто толку ќе се покачат и оваа година со исплатата на овомесечните ноемвриски пензии на почетокот на декември. Од 2006-та до денес во просек пензиите се зголемени за 70%. А, најниската пензија за над 90%.
Досега ВМРО-ДПМНЕ потпиша Меморандум со 9 здруженија, а со овие четири од денес, веќе се 13.
На денешниот настан се обратија и Драги Аргировски, Живко Митревски, Благоја ралковски и Јаким Неделков кои го поздравија потпишувањето на Меморандумот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер