| четврток, 6 декември 2018 |

Интелигенцијата може да се утврди уште од раѓањето

Аномалиите во текот на бременоста влијаат врз подоцнежните образовни постигнувања на децата, се наведува во истражување на шведски научници објавено во „Интернејшенал Џурнал оф Етимолоџи“.

– Разгледувајќи ја врската меѓу умствениот развој и предвременото и задоцнетото раѓање на детето, истражувачите утврдија дека кај децата родени подоцна, плацентниот недостаток може да биде особено токсичен за развојот на нервниот систем, образложи Хајн Хојфелман, водач на истражувачкиот тим.

Во научната студија научниците го проучиле раѓањето на околу два милиона деца во Шведска во периодот од 1973 до 1994. Информациите за постигнувањата на децата во училиште ги добиле од Националниот училиштен регистар при Службата за статистика на Шведска.

Оценките на предвреме или подоцна родените деца, се пониски, па се дошло до заклучок дека има поврзаност меѓу времетраењето на бременоста и успесите во образовниот процес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top