Доналд Трамп, новиот претседател на САД до сега имаше три законски сопруги, многу турбуленции во љубовта и разводи и неверства.
Трамп со првата и најпозната сопруга олимписката скијачка од чешко потекло Ивана Трамп, се ожени во 1977 година (родена како Ивана Марија Зелничкова).
Пред да им пукне бракот се пишуваше дека веќе немало страст меѓу нив, па поради тоа таа подлегна на пластични операции. Од Трамп се разведе во 1992 година, откако беше откриено дека ја изневерил и дека има вонбрачна врска со Марлa Мејпс.
За спектакуларната бракоразводна парница Трамп исплати 25 милиони долари. По разводот останаа пријатели. Денес е секс бомба, позната е по бурните љубовни приказни и врски со помлади момчиња.
Потоа, тој се ожени со љубовницата Марлa, и од бракот има ќерка. Бракот траеше пет години, а потоа се зборуваше дека ја избркал, па затоа се преселила во Калифорнија.
Трамп е сега во среќен брак со Меланија Трамп, убавата Словенка, која од 16 години се занимава со манекенство. Судбоносното среќавање со Трамп се случило во 1998 година, се свршија во 2004, се венчаа во 2005, и до денес се во брак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.