| четврток, 6 декември 2018 |

Едната ја изневери, другата ја избрка – брурниот живот на Трамп

Доналд Трамп, новиот претседател на САД до сега имаше три законски сопруги, многу турбуленции во љубовта и разводи и неверства.

tramp1

Трамп со првата и најпозната сопруга олимписката скијачка од чешко потекло Ивана Трамп, се ожени во 1977 година (родена како Ивана Марија Зелничкова).

Пред да им пукне бракот се пишуваше дека веќе немало страст меѓу нив, па поради тоа таа подлегна на пластични операции. Од Трамп се разведе во 1992 година, откако беше откриено дека ја изневерил и дека има вонбрачна врска со Марлa Мејпс.

donald-tramp-420x240

За спектакуларната бракоразводна парница Трамп исплати 25 милиони долари. По разводот останаа пријатели. Денес е секс бомба, позната е по бурните љубовни приказни и врски со помлади момчиња.

marla-maples-2-435

Потоа, тој се ожени со љубовницата Марлa, и од бракот има ќерка. Бракот траеше пет години, а потоа се зборуваше дека ја избркал, па затоа се преселила во Калифорнија.

donald-tramp-melanija-tramp

Трамп е сега во среќен брак со Меланија Трамп, убавата Словенка, која од 16 години се занимава со манекенство. Судбоносното среќавање со Трамп се случило во 1998 година, се свршија во 2004, се венчаа во 2005, и до денес се во брак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top