| четврток, 6 декември 2018 |

Барса победи, но се избламира пред своите гледачи

kire-lazarov

Лесно можеше да се случи ракометарите на Барселона да се посрамотат на дуелот со Адемар Леон, на кој на домашен терен го прославуваа јубилејот од 100 победи во низа во АСОБАЛ домашната лига до кој стигнаа пред репрезентативната пауза. Иако се очекуваше рутинска победа, каталонскиот гигант едвај стигна до триумф од само еден гол разлика (26-25), со многу мака продолжувајќи ја триумфалната серија на шпанската ракометна сцена.

Барса имаше водство од 14-12 во првото полувреме и таа позитива ја одржуваше се до самиот крај, кога Адемар Леон успеа да стигне и до израмнување. Кире Лазаров погоди во клучен момент за водство од 25-24, потоа следеше израмнување на гостинскиот тим, за Барселона со гол во последната минута да стигне до победата.

Лазаров беше главен играч на овој натпревар постигнувајќи седум погодоци, пет од нив во второто полувреме. Пивотите Нодезбо и Сипжак постигнаа по четири гола, додека Гонзало Перез де Варгас исто така беше расположен на голот со 21 успешна интервенција.

Победничката серија на Барселона во АСОБАЛ продолжи, но на каталонците им е јасно дека ќе мора да играат многу подобро ако сакаат да ја продолжат серијата во ЛШ, каде претстојниот викенд ги очекува пеколно тешко гостување против ПСЖ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top