| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Груевски му ја честиташе победата на новиот американски претседател, Доналд Трамп

gruevski-zname

Претседателот на ВМРО-ДМПНЕ, Никола Груевски му испрати честитка на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп. Во прилог, целата честитка на Гревски до новиот претседател на САД:

– Вам и на народот на САД ви ја честитам победата на претседателските избори. Принципот на почитување на волјата на народот е врв на демократијата, тоа e победа на правото на слободната волја на сите граѓани. Вашето претседателствување повлекува огромна чест и одговорност да се биде предводник во битката за градење на подобар свет, за возобновување и подобрување на општеството. Во таа насока ви посакувам многу среќа и успех.

– Во овој свечен момент сакам да го истакнам задоволството од развојот на односите и соработката меѓу Република Македонија и САД и воедно да ја искажам нашата подготвеност за нивно натамошно унапредување и интензивирање во сите области од заеднички интерес. Членството во НАТО преставува наш приоритет и темелна заложба при што особено ни е значајна поддршката од САД како наш стратешки пријател. Уверен сум дека пријателството и разбирањето во односите меѓу нашите две земји ќе продолжи да се негува и дополнително развива, вели Груевски во својата порака до Трамп.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top