Претседателот на ВМРО-ДМПНЕ, Никола Груевски му испрати честитка на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп. Во прилог, целата честитка на Гревски до новиот претседател на САД:
– Вам и на народот на САД ви ја честитам победата на претседателските избори. Принципот на почитување на волјата на народот е врв на демократијата, тоа e победа на правото на слободната волја на сите граѓани. Вашето претседателствување повлекува огромна чест и одговорност да се биде предводник во битката за градење на подобар свет, за возобновување и подобрување на општеството. Во таа насока ви посакувам многу среќа и успех.
– Во овој свечен момент сакам да го истакнам задоволството од развојот на односите и соработката меѓу Република Македонија и САД и воедно да ја искажам нашата подготвеност за нивно натамошно унапредување и интензивирање во сите области од заеднички интерес. Членството во НАТО преставува наш приоритет и темелна заложба при што особено ни е значајна поддршката од САД како наш стратешки пријател. Уверен сум дека пријателството и разбирањето во односите меѓу нашите две земји ќе продолжи да се негува и дополнително развива, вели Груевски во својата порака до Трамп.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии