Победата на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, серизно влијае и врз расположението на македонската опозиција. Доживувајќи ја како претскажание, најпрво Шеќеринска, од големата сала во хотелот „Александар палас“, каде што Амбасадата на САД овозможи да се проследат во живо последните моменти од пребројувањето на гласовите на Претседателските избори во САД, изјави дека е разочарана од изборот на Американците.
–Не можам да кажам дека не жалам што не победи жена. Изборите во САД покажаа дека дури и големата медиумска поддршка не е доволна кога граѓаните бараат промени. Сите укажуваа победа на Клинтон, но се случи спротивното. Тоа е одраз на демократската волја на граѓаните, како што ќе биде на 11 декември во Македонија, изјави Шеќеринска.
Видно разочарано е и првото перо опозоциско, Бранко Геровски – Герис, кој на Фејсбук не штедеше иронија и саркастично му го честита изборот на американскиот народ.
Грдите зборови и безобразните навреди со кои несебично се расфрла за да го навреди македонскиот народ, Саше Политико ги употреби и за американскиот:
Разбирлива е разочараноста од американскиот избор и на традиционалните поддржувачи на семејствотоКлинтон во македонија, а и општо на Балканот, албанските политички субјкти.
Кировски својата компетентност за коментирање на идеологијата на Трамп ја влече од позицијата главен уредник во телевизија која е чест уживател на финансиските инекции од УСАИД и сличните Соросови фондации кои не се меѓу омилените на новиот американски претседател.
Артан Груби од ДУИ утрово го цтираше Бранко Црвенковски:
–Јас само ќе повторам една интересна изјава на еден наш политичар. Народот е во право дури и кога греши, рече тој.
Стефан Богоев, претседателот на Соцојалдемократската младина, пак, одеднаш се фокусира на прославата на роденденот на СДММ, иако до пред неколу часа неговото срце беше со Хилари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст