| четврток, 6 декември 2018 |

Ужалената опозиција ги навредува Американците: Герис иронично им честита за војводата, за Политико тие се стока

Победата на републиканскиот кандидат за претседател на САД, Доналд Трамп, серизно влијае и врз расположението на македонската опозиција. Доживувајќи ја како претскажание, најпрво Шеќеринска, од големата сала во хотелот „Александар палас“, каде што Амбасадата на САД овозможи да се проследат во живо последните моменти од пребројувањето на гласовите на Претседателските избори во САД, изјави дека е разочарана од изборот на Американците.

sekerinska

Не можам да кажам дека не жалам што не победи жена. Изборите во САД покажаа дека дури и големата медиумска поддршка не е доволна кога граѓаните бараат промени. Сите укажуваа победа на Клинтон, но се случи спротивното. Тоа е одраз на демократската волја на граѓаните, како што ќе биде на 11 декември во Македонија, изјави Шеќеринска.

Видно разочарано е и првото перо опозоциско, Бранко Геровски – Герис, кој на Фејсбук не штедеше иронија и саркастично му го честита изборот на американскиот народ.

gero-za-tramp

Грдите зборови и безобразните навреди со кои несебично се расфрла за да го навреди македонскиот народ, Саше Политико ги употреби и за американскиот:

politiko-tramp

Разбирлива е разочараноста од американскиот избор и на традиционалните поддржувачи на семејствотоКлинтон во македонија, а и општо на Балканот, албанските политички субјкти.

Телма потажна и од Си-Ен-Ен, пишува Курир во коментарот на веста за реакцијата на главниот уредник на ТВ Телма Атанас Кировски, кој не ја криеше својата емотивна вознемиреност после големата победа на Доналд Трамп над Хилари Клинтон во Претседателската трка во САД. 
atanas-kirovski

Кировски својата компетентност за коментирање на идеологијата на Трамп ја влече од позицијата главен уредник во телевизија која е чест уживател на финансиските инекции од УСАИД и сличните Соросови фондации кои не се меѓу омилените на новиот американски претседател.

Артан Груби од ДУИ утрово го цтираше Бранко Црвенковски:

Јас само ќе повторам една интересна изјава на еден наш политичар. Народот е во право дури и кога греши, рече тој.

Стефан Богоев, претседателот на Соцојалдемократската младина, пак, одеднаш се фокусира на прославата на роденденот на СДММ, иако до пред неколу часа неговото срце беше со Хилари.

stefan-bogoev-hilari stefan-bogoev-hilari

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top