| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепско: Чекал да си замине брат му, па му ја силувал жената

Незапаметен хорор во Македонија. триесет годишниот С.С. од едно прилепско село ноќта во понеделникот кон вторникот ја силувал невенчаната сопруга на неговиот брат.

Хоророт на жената започнал откако С.С. земал автомобил „Голф 4“ од соселанец и отишол во плевната каде се наоѓале неговиот брат, 50-годишниот Ш.С. и жената, 52-годишната Л.К. Во еден момент Ш.С. заминал во куќата на третиот брат С.С. а напаѓачот го искористил моментот додека Л.К. била сама и физички ја нападнал.

Од полицијата информираат дека следувал насилно внесување во автомобилот по што заминале во правец кон Велес. За време на возењето С.С. постојано ја удирал жената, а кога возилото останало дефект тој излегол, продолжил со ударите и ја силувал на предното седиште.

-Отишле во некој објект на приватна фирма каде С.С. побарал телефон да му се јави на братот. Откако разговарал со него си заминал, а Л.К. останала во објектот, велат од полицијата.

Кога Ш.С. дошол на местото, жената се му раскажала по што случајот го пријавиле во полицијата која сега трага по С.С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top