| четврток, 6 декември 2018 |

Германија ќе дели азил за Турците прогонувани од Ердоган

Германија соопшти дека Турците кои се прогонувани од претседателот Реџеп Таип Ердоган можат да бараат азил во земјата. Германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот изјави дека „Министерството за надворешни работи е солидарно со сите критички интелектуалци во Турција“. Рот во интервју за „Ди Велт“ потврди дека владата подготвено ќе прифаќа апликации.

„Германија е отворена земја за сите кои се политички прогонувани како наш принцип“, рече Рот. „Тие можат да бараат азил во Германија. Тоа не важи само за новинари“.

Рот го критикуваше и прогонот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на опозициските пратеници и критичните новинари и академици.

„Она што се случува во Турција е против нашето разбирање на европските вредности, владеењето на правото, демократијата и слободата на медиумите“, рече Рот. „Затоа нашиот одговор до турската влада е кристално јасен: Не на овој начин!“

Рот дополни и дека Извештајот на ЕУ за напредокот на Турција кој треба да биде објавен во среда, ќе има негативен заклучок. „Европската Комисија е многу загрижена и критична за нештата кои се негативни, или воопшто не се случуваат, во Турција. За жал, во моментов тоа се однесува на многу нешта“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top