Претседателскиот кандидат на републиканците, Доналд Трамп, обвини дека апаратите за гласање се програмирани да ѝ обезбедат победа на неговата ривалка, Хилари Клинтон.
-Веќе имаме сознанија дека луѓе доаѓаат и гласаат за републиканците, а нивните гласови се регистрираат во корист на демократите. Има многу такви поплаки- рече Трамп.
Меѓутоа, тој не наведе никакви конкретни случаи за таква изборна манипулација, но затоа ја пофали старата изборна технологија.
-Можеби тогаш требаше повеќе време да се пребројат гласовите, но никој не мораше да се грижи дали може да дојде до местенки. Во секој случај, тој начин беше подобар- оцени Трамп.
Набрзо потоа повторно избегна да одговори на недвосмислен начин дали ќе ги признае денешните избори.
Телевизискиот канал Фокс Њуз, кој е подржувач на републиканските политики, директно го праша: „Сметате ли дека изборите ќе завршат денеска“, на што тој одговори „Никогаш не сум рекол дека нема, но мораме прво да видиме што се случува на избирачките места“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.