Семејството Обама ја напушта Белата куќа во која многу брзо ќе се всели или Хилари Клинтон или Доналд Трамп. На заминување од Белата куќа Барак и Мишел Обама открија како изгледаше нивниот дом на вториот кат од Белата куќа.
За уредувањето на просторот се погрижил дизајнерот Мајкл Смит. Тој прво бил ангажиран за канцеларијата на Обама во 2008 година, по што станал официјален декоратор на куќата.
-Тие беа мошне фокусирани и ги искажаа своите преференци многу јасно. Сакаа елегантни и едноставни нешта. Госпоѓа Обама секогаш се залагаше да се носат нови уметници, нови гласови, па затоа одбиравме уметници и дизајнери што никогаш претходно не се појавиле во Белата куќа. Тие се неверојатно шармантни, грациозни, внимателни, топли, што се одрази и во дизајнирањето на нивниот дом – открива Смит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.