Европската филмска академија неделава ги објави номинациите во вкупно 21 категорија, a четири филмови во трката за награди за таканаречениот „европски оскар“ имаат свои премиери пред скопската публика на годинешниот „Синедејс2016“, соопшти организаторот.
„Хулиета“ на Педро Алмодовар, германскиот „Тони Ердман“ на режисерката Марен Аде, холандскиот „Таа“ во режија на Пол Верхоевен и британскиот „Јас, Даниел Блејк“ на Кен Лоах се влезени во трка за Европската филмска награда за 2016 година.
Покрај овие четири филмови, конкуренција за таканаречениот „европски оскар“ е и ирскиот филм „Соба“ на Лени Абрамсон.
Инаку, за најмногу номинации се избори филмот „Тони Ердман“ и тоа за најдобар филм, режија, сценарио, најдобра музика и најдобра женска и најдобра машка улога. Повеќе номинации имаат и „Јас, Даниел Блејк“, кој се натпреварува во четири категории, а „Хулиета“ на Алмодовар и „Таа“ на Верховен се номинирани во три категории.
Наградите ќе бидат доделени на 10 декември, на специјална церемонија, која годинава се одржува во полскиот град Вроцлав, кој е европски град на културата за 2016-та година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Со долгоочекуваната премиера на филмот „Еј“ се затвора годинешното издание на „Синедејс“
-
На „Синедејс“ првпат ќе се одржи Форум на претставници од 12 филмски фестивали во Македонија
-
Вечерва на „Сиендејс“ последниот филм на Даниел Деј Луис
-
Женскиот младински хор при МКЦ одржа бесплатен џез концерт во рамки на „Синедејс“