| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ не ја издржа окупацијата: Профитери, квислинзи, Сорос и платенички револуционери ја киднапираа партијата

Ста­ро­то и ло­јал­но членс­тво на СДСМ, кое со го­ди­ни ра­бо­те­ло за пар­ти­ја­та, се­га е кон­тро­ли­ра­но и во­де­но од „ша­ре­ни ре­во­лу­ци­о­не­ри“ кои им де­фи­ли­ра­ат низ шта­бот. Членс­тво­то, кое ра­бо­те­ло од љу­бов и од не­ка­ква иде­о­ло­ги­ја, се­га стои во пос­лед­ни­те ре­до­ви зад раз­ни про­фи­те­ри, са­мо­прог­ла­се­ни ин­те­ле­кту­ал­ци и екс­пер­ти

Во Со­ци­јал­де­мо­крат­ски­от со­јуз на Ма­ке­до­ни­ја на го­ле­ма вра­та вле­гоа ра­ди­кал­ни ко­му­ни­стич­ки еле­мен­ти, и тоа не е во­оп­што на­ив­но, при­пад­ни­ци­те на „Ле­ви­ца“, чи­и­што чле­но­ви вле­гоа во СДСМ, го сквер­на­веа спо­ме­ни­кот со кој се од­да­ва по­чит на Пр­во­то за­се­да­ние на АС­НОМ. Ре­чи­си си­те лич­но­сти што се прет­ста­ве­ни на тој спо­ме­ник по уки­ну­ва­ње­то на АС­НОМ, од стра­на на Со­ју­зот, чиј­што нас­лед­ник е СДСМ, за­вр­ши­ја по ју­гос­ло­вен­ски­те за­тво­ри и ло­го­ри. Ли­ни­ја­та на ко­ја се рас­пос­ла­ни иде­о­ло­ги­и­те не е пра­ва, таа е круж­на, нај­го­ре се спо­ју­ва­ат две­те то­та­ли­та­ри­стич­ки иде­о­ло­гии, ко­му­ни­стич­ка­та и фа­ши­стич­ка­та, ме­ѓу кои има ра­венс­тво.

milcin-protest-1

Исто ка­ко ли­ни­ја­та та­ка и пар­ти­ја­та, не бе­ле­жи про­грес, се вр­ти во круг, кој се­га го за­тво­ра. Да­ту­мот што го спом­нав на по­че­то­кот и сквер­на­ве­ње­то на спо­ме­ни­кот на АС­НОМ од стра­на на ра­ди­кал­ни­те еле­мен­ти во СДСМ има­ат не­што за­ед­нич­ко. На тој да­тум, 16.4.1945 го­ди­на, е уки­нат Пре­зи­ди­у­мот на АС­НОМ и во Ма­ке­до­ни­ја е вос­по­ста­ве­на но­ва власт ис­пра­ќај­ќи ја ста­ра­та во ло­гор, по што поч­на мрач­ни­от пер­и­од на ко­му­ни­стич­ки­от ре­жим. Исто ка­ко што то­гаш бес­прав­но ги за­тво­ра­ле чле­но­ви­те на Пре­зи­ди­у­мот на АС­НОМ, та­ка де­нес Ка­ти­ца Ја­не­ва бес­прав­но го ли­ши од сло­бо­да единс­тве­ни­от ма­ке­дон­ски гра­до­на­чал­ник во Ал­ба­ни­ја, Ед­монд Те­мел­ко, тоа Ја­не­ва го приз­на и јав­но. „Ре­во­лу­ци­о­не­ри­те“ во СДСМ, кои сквер­на­веа спо­ме­ни­ци и се по­ви­ку­ва­ат на ста­ри­те ко­му­ни­стич­ки тра­ди­ции, се­га го об­ви­ткаа сим­бо­лот на пар­ти­ја­та.

pavle bogoevski

Ју­би­леј­ни­от кон­грес на СДСМ отво­ри ди­ле­ма да­ли пар­ти­ја­та е це­лос­но кид­на­пи­ра­на или е вра­те­на на неј­зи­ни­те ста­ри вред­но­сти, вред­но­сти во­ста­но­ве­ни пред се­дум­де­сет и ед­на го­ди­на, по­точ­но на 16.4.1945 го­ди­на, пишува аналитичарот и колумнист Никола Србов во колумната „Киднапирање на СДСМ или враќање на старите вредности?“, објавена во неделникот „Република“ на 7 октомври.

sdsm-kongres-2016-plan-za-makedonija-14-custom

Општ е ставот, и во јавноста и во маргинализираното крило на партијата, дека со олкав број кандидати од невладиниот сектор, кој го контролира Шеќеринска, се нанесува директна штетана СДСМ, бидејќи тоа значи дека ќе добијат државни функции без партија. Со други зборови конечно Сорос и невладиниот сектор ќе добијат превласт во политиката.

„Ло­јал­но­то членс­тво, кое на се­ка­кви вре­мен­ски ус­ло­ви ра­бо­те­ло на те­рен, аги­ти­ра­ло, оде­ло по ми­тин­зи и про­те­сти, се­га е за­ме­не­то со „ело­квент­ни“ ко­сту­ми­ра­ни „екс­пер­ти“ кои де­ба­ти­ра­ат со два то­па хар­ти­ја пред нив. Членс­тво­то, кое од љу­бов ра­бо­те­ло за пар­ти­ја­та без ни­ка­ков на­до­мест, се­га е за­се­не­то од но­ви ли­ко­ви со го­ле­ми гран­то­ви. Тоа членс­тво со го­ди­ни пла­ќа­ло чле­на­ри­на во СДСМ, од таа чле­на­ри­на се­га се де­ли пла­та на но­во­вра­бо­те­ни­те „ре­во­лу­ци­о­не­ри“ во пар­ти­ја­та. Оста­на­ти­от дел од „ре­во­лу­ци­о­не­ри­те“, тие што не се вра­бо­ти­ја во ор­га­ни­те на пар­ти­ја­та, ра­ко­водс­тво­то на СДСМ го вдо­ми во СЈО. Зго­ра на се­во ова, до­бит­ни­те ме­ста на пра­те­нич­ки­те ли­сти за на­ред­ни­те пар­ла­мен­тар­ни из­бо­ри ги до­би­ја пла­те­ни­те чле­но­ви на „Ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја“, а членс­тво­то до­би ед­но го­ле­мо ни­што. Две го­ди­ни членс­тво­то на СДСМ бе­ше ва­де­но на на­сил­ни про­те­сти пред­во­де­но од „ре­во­лу­ци­о­не­ри“ со ин­ка­си­ра­ни де­се­ти­ци ил­ја­ди евра по „ре­во­лу­ци­о­нер““, пишува Србов.

ivana tufegdzik

Во тој контекст, професорката на Правниот факултет, Каролина Ростова-Астернуд, која е член на патијата од 1991 година, коментира дека никој никому не му брани да ја искористи уставната можност за независни кандидатури и листи, но ова што се прави со листите на СДСМ не е никаква „отвореност на партијата“ за, демек, нови и свежи сили, или некакво си „засметување на специфичноста на моментот“ туку е само еден обичен среден прст кон сѐ што е идеја, смисла, логика, концептуалност и што уште не во однос на партиско-политичкото организирање, и сѐ што се знае за природата на политичките партии, и тука, и споредбено.

ivana-tuf-1-640x426-520x346

„Натаму, ова е, не еден, туку два средни прста за партиското членство, партискиот активизам, и се што тој подразбира, а особено, што се тој подразбирал во изминатата деценија за партиското членство на СДСМ. По милионити пат, овој инстант политички кариеризам во однос на највисоките функции во политиката, овој политички опортунизам, овој политички рингишпил, е докажана штета за здравјето и развојот, како на политичките партии и партискиот систем, така и на политиката во земјата кои тие партии последователно ја проектираат. А можеби најважно, овој Рајка-Радодајка пристап нема да донесе никаква политичка почит, ниту политички авторитет, кои ќе се материјализираат во гласови на избори, напротив, само презир, исмевање, проектирање слабост и натамошна внатрепартиска ерозија. Значи, дупло голо“, пишува Ристова Астеруд.

ivana-tuf-2

И колумнистот Иор Мицковски исто гледа на работите. Тој смета дека Заев намерно не создал екипа која макар и од прилика би имала капацитети нешто да понуди или да го порази Груевски.

Заев деновиве го санкционираше чистењето на секој кој макар и маргинално, имал искуства во СДСМ со друг лидер или подолго од 5 -10 години. Влага во четврта година на претседателство со партијата, и тој војната што ја води е единствено во насока на апсолутна чистка на партијата.

Негови противници на овие избори не се Груевски или Мијалков, негова опсесија се претходнициите и сите што имале шанса да работат со нив. Се разбира, покрај личниот исклучок и тој на вечната потпретцедателка, и нејзиниот клан, кои секогаш се млади и нови лица. Затоа и ги задуши листите со свое кандидирање, или кандидирања на скоревичи, кои врска немаат од политика. Ама имаат врска од послушност.

sdsm-pratenicka-grupa

Заев ја завршува и комплетира конечната метаморфоза на СДСМ, од државничка и масовна партија, во персонална партија на Зоран Заев и кланот. Целта, не му е да победи, впрочем како да победиш со овие листи, туку да ја бетонира СДСМ како приватна партија. Во реалната и единствена нарација на З.З. ништо и никој од пред 2013 година, не се спасува, или пак се виновни за уништување на државата и партијата. Затоа и еден веќе искористен, поттргнат, па вратен Пендаровски, ќе застапува тези за потребата од нов дисконтинуитет.

Шанса од минатото добива тој што ќе се потчини, мада, и од тие што клекнаа, многумина сега исчезнаа. Тажна приказна, која многумина не сакаат да ја видат, за перфидноста и пропаста на персоналниот и демек нов СДСМ, додека ја уништува наводно старата партија. Верувам, кога ќе мисли дека дефинитивно го убил стариот СДСМ, ќе ни објасни која навистина е новата СДСМ. Па ќе видиме кој лаже“, смета Мицковски.

Но, листите и персоналното запоседнување на паартијата се само природен след на окупацијата на СДСМ. Нејзиното обезличување започнува многу порано, а највпечатливо е 20 Конгрес на 2 октомври.

Сим­бо­лот на СДСМ е жол­та пе­то­кра­ка со цр­ве­на ро­за, ко­ја пос­лед­ни­те го­ди­ни ја мо­ди­фи­ци­раа и вмет­наа стис­на­та ту­па­ни­ца. На кон­гре­сот сим­бо­лот на СДСМ бе­ше об­ви­ен со не­кол­ку по­го­ле­ми пе­то­кра­ки и тие беа ша­ре­ни. Од пар­ти­ја­та со­оп­шти­ја де­ка тоа би­ло во чест на „Ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја“. От­ту­ка про­из­ле­гу­ва и пра­ша­ње­то кој ко­го кон­тро­ли­ра. Да­ли СДСМ и де фа­кто ста­на ма­ри­о­не­та во ра­це­те на „Ша­ре­на­та ре­во­лу­ци­ја“, ко­ја е ед­на од мно­гу­те ин­ста­ла­ции на Со­рос? Да­ли „ша­ре­ни­те ре­во­лу­ци­о­не­ри“ ја кид­на­пи­раа пар­ти­ја­та од членс­тво­то на СДСМ?, пишува Србов.

kol214-3-srbov-sdsm-simboli2

Србој ги разјаснува двете дилеми, иако по објавувањето на лисите, по жестоката реакција на членството, симпатизерите, поддржувачите на СДСМ , веќе и не се дилеми. Јасно е кој ќе го игра орото, но останува магловито кој ќе ја свири музиката. Редно би било ко­га ве­ќе ја од­зе­маа пар­ти­ја­та од ра­це­те на членс­тво­то, те­мел­но да ја вра­тат на ста­ри­те па­те­ки и да се игра по нив­ни пра­ви­ла.

Ка­ко се кид­на­пи­ра пар­ти­ја пре­ку га­зе­ње на членс­тво­то

sarena-revolucijaa

Во јав­ност се кри­еш де­ка си сим­па­ти­зер на СДСМ, до­де­ка членс­тво­то ги­не за пар­ти­ја­та, те­бе са­мо до­ма те зна­ат; вле­гу­ваш во ед­на од ор­га­ни­за­ци­и­те на Со­рос; до­го­ва­раш до­бар грант за пра­ва­та на пти­ци­те-пре­сел­ни­ци кои пре­ле­ту­ва­ат над Ма­ке­до­ни­ја; одиш на про­те­сти во 18 ча­сот отка­ко уба­во ќе се нас­пи­еш; веж­баш би­цепс пре­ку фр­ла­ње бо­ја по спо­ме­ни­ци; се вра­бо­ту­ваш во пар­ти­ја­та или во СЈО; се ста­ваш на до­бит­но ме­сто на пра­те­нич­ка ли­ста; вле­гу­ваш во пар­ла­мент ка­ко пра­те­ник. Чист про­фит. За ед­на го­ди­на си кид­на­пи­рал пар­ти­ја и си ги де­ва­сти­рал си­те што со го­ди­ни ра­бо­те­ле за пар­ти­ја­та, тие се­га ќе ра­бо­тат за те­бе. Се­то тоа со ед­на го­ди­на пла­те­на ра­бо­та во пар­ти­ја­та, ко­ја по не­кои пра­ви­ла тре­ба да би­де во­лон­тер­ска. Да, кид­на­пи­ра­на е, тоа ве­ќе го знае и це­ла­та јав­ност, но тоа да го оста­ви­ме на членс­тво­то да си го ре­ши низ ор­га­ни­те на Со­ју­зот.

Вра­ќа­ње­то на вред­но­сти­те од тем­на­та до­ба на СКМ

kancelarija ivanov 4

По­ме­ѓу но­во­дој­де­ни­те „ре­во­лу­ци­о­не­ри“ во СДСМ про­ве­ју­ва ра­ди­кал­на­та ле­ви­чар­ска иде­о­ло­ги­ја. Ре­во­лу­ци­о­не­ри, ате­и­сти што се кр­стат, ко­му­ни­сти што се кр­стат во бер­зан­ски шпе­ку­лант, кон­тра­ди­ктор­но­сти кол­ку са­ка­те. Па ко­га ве­ќе ја од­зе­маа пар­ти­ја­та од ра­це­те на членс­тво­то, ред­но е те­мел­но да ја вра­тат на ста­ри­те па­те­ки и да се игра по нив­ни пра­ви­ла. По тој по­вод, Зо­ран За­ев во 2016 го­ди­на, во де­мо­крат­ско оп­штес­тво кое се на­о­ѓа на европ­ско тло, на кон­гре­сот кон при­сут­ни­те се обра­ќа­ше со „дру­га­ри и дру­гар­ки“, не­до­сти­га­ше уште го­вор­ни­ци­те да ги ос­ло­ву­ва со „по­ли­тич­ки ко­ме­са­ри“.

За­ев од по­зи­ци­ја на пред­вод­ник на ра­ди­кал­ни ле­ви­ча­ри збо­ру­ва­ше за по­е­ди­не­цот во оп­штес­тво­то. Прет­по­ста­ву­вам де­ка ко­му­ни­сти­те во не­го­ва­та пар­ти­ја не му об­јас­ни­ле де­ка тие по­е­ди­не­цот го мно­жат со ну­ла, де­ка ја уби­ва­ат се­та ин­ди­ви­ду­ал­на ини­ци­ја­ти­ва, де­ка ве­ру­ва­ат во чо­пор, ди­ре­кти­ви и пос­луш­ност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top