Во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на голема врата влегоа радикални комунистички елементи, и тоа не е воопшто наивно, припадниците на „Левица“, чиишто членови влегоа во СДСМ, го сквернавеа споменикот со кој се оддава почит на Првото заседание на АСНОМ. Речиси сите личности што се претставени на тој споменик по укинувањето на АСНОМ, од страна на Сојузот, чијшто наследник е СДСМ, завршија по југословенските затвори и логори. Линијата на која се распослани идеологиите не е права, таа е кружна, најгоре се спојуваат двете тоталитаристички идеологии, комунистичката и фашистичката, меѓу кои има равенство.

Исто како линијата така и партијата, не бележи прогрес, се врти во круг, кој сега го затвора. Датумот што го спомнав на почетокот и сквернавењето на споменикот на АСНОМ од страна на радикалните елементи во СДСМ имаат нешто заедничко. На тој датум, 16.4.1945 година, е укинат Президиумот на АСНОМ и во Македонија е воспоставена нова власт испраќајќи ја старата во логор, по што почна мрачниот период на комунистичкиот режим. Исто како што тогаш бесправно ги затворале членовите на Президиумот на АСНОМ, така денес Катица Јанева бесправно го лиши од слобода единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко, тоа Јанева го призна и јавно. „Револуционерите“ во СДСМ, кои сквернавеа споменици и се повикуваат на старите комунистички традиции, сега го обвиткаа симболот на партијата.

Јубилејниот конгрес на СДСМ отвори дилема дали партијата е целосно киднапирана или е вратена на нејзините стари вредности, вредности востановени пред седумдесет и една година, поточно на 16.4.1945 година, пишува аналитичарот и колумнист Никола Србов во колумната „Киднапирање на СДСМ или враќање на старите вредности?“, објавена во неделникот „Република“ на 7 октомври.

Општ е ставот, и во јавноста и во маргинализираното крило на партијата, дека со олкав број кандидати од невладиниот сектор, кој го контролира Шеќеринска, се нанесува директна штетана СДСМ, бидејќи тоа значи дека ќе добијат државни функции без партија. Со други зборови конечно Сорос и невладиниот сектор ќе добијат превласт во политиката.
„Лојалното членство, кое на секакви временски услови работело на терен, агитирало, одело по митинзи и протести, сега е заменето со „елоквентни“ костумирани „експерти“ кои дебатираат со два топа хартија пред нив. Членството, кое од љубов работело за партијата без никаков надомест, сега е засенето од нови ликови со големи грантови. Тоа членство со години плаќало членарина во СДСМ, од таа членарина сега се дели плата на нововработените „револуционери“ во партијата. Останатиот дел од „револуционерите“, тие што не се вработија во органите на партијата, раководството на СДСМ го вдоми во СЈО. Згора на сево ова, добитните места на пратеничките листи за наредните парламентарни избори ги добија платените членови на „Шарената револуција“, а членството доби едно големо ништо. Две години членството на СДСМ беше вадено на насилни протести предводено од „револуционери“ со инкасирани десетици илјади евра по „револуционер““, пишува Србов.

Во тој контекст, професорката на Правниот факултет, Каролина Ростова-Астернуд, која е член на патијата од 1991 година, коментира дека никој никому не му брани да ја искористи уставната можност за независни кандидатури и листи, но ова што се прави со листите на СДСМ не е никаква „отвореност на партијата“ за, демек, нови и свежи сили, или некакво си „засметување на специфичноста на моментот“ туку е само еден обичен среден прст кон сѐ што е идеја, смисла, логика, концептуалност и што уште не во однос на партиско-политичкото организирање, и сѐ што се знае за природата на политичките партии, и тука, и споредбено.

„Натаму, ова е, не еден, туку два средни прста за партиското членство, партискиот активизам, и се што тој подразбира, а особено, што се тој подразбирал во изминатата деценија за партиското членство на СДСМ. По милионити пат, овој инстант политички кариеризам во однос на највисоките функции во политиката, овој политички опортунизам, овој политички рингишпил, е докажана штета за здравјето и развојот, како на политичките партии и партискиот систем, така и на политиката во земјата кои тие партии последователно ја проектираат. А можеби најважно, овој Рајка-Радодајка пристап нема да донесе никаква политичка почит, ниту политички авторитет, кои ќе се материјализираат во гласови на избори, напротив, само презир, исмевање, проектирање слабост и натамошна внатрепартиска ерозија. Значи, дупло голо“, пишува Ристова Астеруд.

И колумнистот Иор Мицковски исто гледа на работите. Тој смета дека Заев намерно не создал екипа која макар и од прилика би имала капацитети нешто да понуди или да го порази Груевски.
„Заев деновиве го санкционираше чистењето на секој кој макар и маргинално, имал искуства во СДСМ со друг лидер или подолго од 5 -10 години. Влага во четврта година на претседателство со партијата, и тој војната што ја води е единствено во насока на апсолутна чистка на партијата.
Негови противници на овие избори не се Груевски или Мијалков, негова опсесија се претходнициите и сите што имале шанса да работат со нив. Се разбира, покрај личниот исклучок и тој на вечната потпретцедателка, и нејзиниот клан, кои секогаш се млади и нови лица. Затоа и ги задуши листите со свое кандидирање, или кандидирања на скоревичи, кои врска немаат од политика. Ама имаат врска од послушност.

Заев ја завршува и комплетира конечната метаморфоза на СДСМ, од државничка и масовна партија, во персонална партија на Зоран Заев и кланот. Целта, не му е да победи, впрочем како да победиш со овие листи, туку да ја бетонира СДСМ како приватна партија. Во реалната и единствена нарација на З.З. ништо и никој од пред 2013 година, не се спасува, или пак се виновни за уништување на државата и партијата. Затоа и еден веќе искористен, поттргнат, па вратен Пендаровски, ќе застапува тези за потребата од нов дисконтинуитет.
Шанса од минатото добива тој што ќе се потчини, мада, и од тие што клекнаа, многумина сега исчезнаа. Тажна приказна, која многумина не сакаат да ја видат, за перфидноста и пропаста на персоналниот и демек нов СДСМ, додека ја уништува наводно старата партија. Верувам, кога ќе мисли дека дефинитивно го убил стариот СДСМ, ќе ни објасни која навистина е новата СДСМ. Па ќе видиме кој лаже“, смета Мицковски.
Но, листите и персоналното запоседнување на паартијата се само природен след на окупацијата на СДСМ. Нејзиното обезличување започнува многу порано, а највпечатливо е 20 Конгрес на 2 октомври.
Симболот на СДСМ е жолта петокрака со црвена роза, која последните години ја модифицираа и вметнаа стисната тупаница. На конгресот симболот на СДСМ беше обвиен со неколку поголеми петокраки и тие беа шарени. Од партијата соопштија дека тоа било во чест на „Шарената револуција“. Оттука произлегува и прашањето кој кого контролира. Дали СДСМ и де факто стана марионета во рацете на „Шарената револуција“, која е една од многуте инсталации на Сорос? Дали „шарените револуционери“ ја киднапираа партијата од членството на СДСМ?, пишува Србов.

Србој ги разјаснува двете дилеми, иако по објавувањето на лисите, по жестоката реакција на членството, симпатизерите, поддржувачите на СДСМ , веќе и не се дилеми. Јасно е кој ќе го игра орото, но останува магловито кој ќе ја свири музиката. Редно би било кога веќе ја одземаа партијата од рацете на членството, темелно да ја вратат на старите патеки и да се игра по нивни правила.
Како се киднапира партија преку газење на членството

Во јавност се криеш дека си симпатизер на СДСМ, додека членството гине за партијата, тебе само дома те знаат; влегуваш во една од организациите на Сорос; договараш добар грант за правата на птиците-преселници кои прелетуваат над Македонија; одиш на протести во 18 часот откако убаво ќе се наспиеш; вежбаш бицепс преку фрлање боја по споменици; се вработуваш во партијата или во СЈО; се ставаш на добитно место на пратеничка листа; влегуваш во парламент како пратеник. Чист профит. За една година си киднапирал партија и си ги девастирал сите што со години работеле за партијата, тие сега ќе работат за тебе. Сето тоа со една година платена работа во партијата, која по некои правила треба да биде волонтерска. Да, киднапирана е, тоа веќе го знае и целата јавност, но тоа да го оставиме на членството да си го реши низ органите на Сојузот.
Враќањето на вредностите од темната доба на СКМ

Помеѓу новодојдените „револуционери“ во СДСМ провејува радикалната левичарска идеологија. Револуционери, атеисти што се крстат, комунисти што се крстат во берзански шпекулант, контрадикторности колку сакате. Па кога веќе ја одземаа партијата од рацете на членството, редно е темелно да ја вратат на старите патеки и да се игра по нивни правила. По тој повод, Зоран Заев во 2016 година, во демократско општество кое се наоѓа на европско тло, на конгресот кон присутните се обраќаше со „другари и другарки“, недостигаше уште говорниците да ги ословува со „политички комесари“.
Заев од позиција на предводник на радикални левичари зборуваше за поединецот во општеството. Претпоставувам дека комунистите во неговата партија не му објасниле дека тие поединецот го множат со нула, дека ја убиваат сета индивидуална иницијатива, дека веруваат во чопор, директиви и послушност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


