– Тоа што најмногу им пречи на луѓето се бруталните временски осцилации што се случуваат во текот на еден ден. Дури и младите и сосема здрави луѓе добиваат главоболки, хипертензија, несоница, дури и благ нагон за повраќање. Граѓаните се исцрпени, се губи виталноста на организмот и се жалат дека срцето им прескокнува и се тресе во градите – велат лекарите, нагласувајќи дека доколку симптомите потрајат подолго од три дена треба да се обратат на лекар.
Невропсихијатрите објаснуваат дека временските промени го зголемуваат стресот.
– Температурните разлики влијаат на луѓето во зависност од нивниот темперамент. На некои влијаат така што ќе манифестираат повеќе агресија и нервоза, додека други се чувствуваат тажно, нерасположено и депресивно. Секоја промена на времето влијае на нашата психолошка состојба, иако не е во директна врска со неа – велат психијатрите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.