Претежно облачно време со засилен јужен ветер и со појава на врнежи не очекува денеска. Наместа врнежите, особено на запад ќе бидат повремено поројни и проследени со грмежи, по некаде во форма на невреме.
Како што соопшти УХМР, утринската температура ќе се движи од 10 до 14, а дневната од 14 до 22 степени.
Во Скопје слично време, претежно облачно со врнежи од дожд кои повремено ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со повремено засилен јужен ветер, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи во Скопската котлина. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 19 степени.
Врнежи од дожд ќе има и во среда. Наместа локално вкупните измерени водени количества ќе надминуваат 60 л/м2. Врнежите ќе бидат повремено проследени со грмежи, засилен ветер, по некаде и во форма на невреме.
Во четврток на планините на север и на запад ќе има услови за слаби врнежи од снег.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.