| четврток, 6 декември 2018 |

Македонската нордиска репрезентација на подготовки во Австрија

nordijci

Нордиската репрезентација на Македонија, од денеска па се до 14. ноември ќе биде на зимски подготовки во Обертилијах, Австрија. Тоа е мала општина во федералната држава Тирол и се наоѓа на 1450 метри надморска височина, нудејќи одлични услови за зимски подготовки на македонските скијачи.

– Во наредните седум дена ќе бидеме во Обертилијах, место кое неколкупати досега сме го посетиле, за подготовки или за натпревари. Ова е одлична локација за нордиските репрезентативци за квалитетни подготовки, а веќе на крајот на месецов ќе започнат и натпреварите. На овие подготовки ќе бидеме без неколку репрезентативци, кои ќе ни се приклучат кон крајот на месецот – изјави селекторот на нордиската репрезентација, Ѓоко Динески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top