Премиерот на Србија Александар Вучиќ и потпретседателката на Владата и министерка за сообраќај и за инфраструктура, Зорана Мијаловиќ денеска присуствуваа на свеченоста по повод отварањето на автопатот Љиг – Прелина на Коридорот 11.
Завршните работи на овој проект го следеа многу контраверзии, од тоа дека тунелите се прениски, па треба да се поправаат, па дека се повисоки од поектираното, за сè да се заврши според планот, со мало временско задоцнување.
На свеченоста се собраа илјадници луѓе, а премиерот Вучиќ лично со шлепер помина низ тунелите.
Автопатот Љиг- Прелина на Коридорот 11 е долг 40.359 километри.
Вредноста на договорените работи за автопатот изнесувала 308 милиони евра, од што 300 милиони се уплатени од буџетот на Азербејџан, додека 8 милиони се од буџетот на Србија.
Делницата Љиг – Прелина на Коридорот 11 не само што е многу побезбедна од Ибарската магистрала, која важи за најопасна делница во Србија, туку е и околу 17 километри пократка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.