| четврток, 6 декември 2018 |

Татко мострум од Србија ја силувал ќерката: Сите ти се изнаредија, можам и јас!

41 годишниот Милош Н. од околината на Пожаревац е уапсен поради сомнение дека ја силувал неговата 14 годишна ќерка.

Според информациите објавени во српските медиуми, таткото монструм ја силувал ќерката пред околу месец и пол во семејната куќа, откако на сила го турнал девојчето на кревет, а потоа ја принудил на секс. Пред да го изврши гнасниот чин и се обратил со зборовите „кога сите можеа да ти се изнаредат, можам и јас“. Девојчето давало отпор се додека тој не и се заканил дека ќе ја претепа.

Во времето на силувањето мајката била во град, а помладата сестра во училиште. Кога дознала што се случило не сакала да го пријави сопругот во полиција, па решила да се прави како ништо да не се случило.

Сепак, случката брзо се расчула низ селото, а потоа и до полицијата. Таткото бил уапсен и во разговор со полицајците го признал делото и детално опишал како се случило.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top