| четврток, 6 декември 2018 |

Барса го преживеа жешкото гостување кај Севилја, Меси и Суарез донесоа нови три бода

mesi-sua

Во последниот натпревар од 11. коло во Примера, Севилја и создаде големи проблеми на Барселона, но гостите на крајот се радуваа на победа.

Домаќините одлично го почнаа натпреварот, беа подобар противник и добрата игра ја претворија во предност од 1-0 преку Витоло во 15. минута. Но Барса од својата прва посериозна шанса изедначи во 43. минута. Меси пласираше топка во долниот десен агол за 1-1.

„Каталонците“ заиграа далеку подобро во второто полувреме, и преку Суарез поведоа со 2-1 во 61. минута.

Севилја се обиде да се избори барем за бод, но домаќините немаа сила за втор гол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top