| четврток, 6 декември 2018 |

Би ме убиле да бев будна – кралицата на народната музика падна во постела после грабежот!

%d0%bb%d0%b5%d0%bf%d0%b0

Кралицата на српската народна музика, Лепа Лукиќ е ограбена додека спиела. После грабежот таа падна во постела.

-Тешко мене, ме ограбија!Среќа моја што спиев. Да бев будна ќе ме истепаа сигурно. Ма ќе ме убиеја – лелека Лепа Лукиќ (76).

Пејачката вели дека спиела во својата соба, не насетувајќи што се случува во соседната просторија. Подоцна сватила дека крадците влегле низ терасата, со штрафцигер ја отвориле вратата и и ги украле документите, картичките, како и 900.000 динари и 1.600 евра.

Лепа низ солзи вели дека лекарите и дале лек за смирување, дека и го измериле притисокот кој бил 200 со 100 и дека е вистинска среќа што не се шлогирала

.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top