-Како дополнителен заменик министер во Министерството за внатрешни работи, децидно барам од техничкиот министер Оливер Спасовски веднаш да поднесе неотповиклива оставка на неговата позиција- истакна Оливер Андонов, дополнителен заменик министер за внатрешни работи на прес-конференцијата.
-Оливер Спасовски манипулира со македонската јавност, лаже за настани во Министерството и изнесува невистини на сајтот на Министерството за внатрешни работи. Континуирано ги крши законите и правилата за работа во МВР спроведувајќи самоволие- посочи Андонов, набројувајќи ги причините поради кои бара оставка од Спасовски.
Тој додаде дека Спасовски креира криминално-полициски местенки заради политичка, општествена и лична дисквалификација и дискредитација на владини функционери.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.