| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: значителен чекор понапред во условите и начинот на практикување на здравството

Ова ќе биде значителен инвестициски циклус во македонското здравство, оцени претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој денеска промовираше нови проекти во здравството, во кои се најавени зафати во Универзитетската клиника за кардиологија, каде покрај реновирањето ќе биде формирана хибридна сала, формирање на Национален центар за кардиоваскуларни заболувања, комплетна реконструкција на Градската општа болница „8-ми Септември“, проширување и унапредување на условите за третман на пациентите во Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија, комплетно реновирање на објектот на Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, комплетно внатрешно реновирање на објектот на Клиничка болница Битола, реконструкција на објектот на Психијатриската болница во Демир Хисар, како и реализација на втората фаза од целосната реконструкција и адаптација на објектот на Општа болница Кичево.

-Ова ќе биде инвестициски бран кој треба да надокнади многу од она што со децении било пропуштено или воопшто не било реализирано до крај. По многу години и децении имаме ситуација каде се градат болници, се создаваат нови одделенија, и се купуваат нови апарати и опрема, се врши специјализација во области кои претходно не беа никогаш во фокусот. Таквите инвестиции ќе значат заштита на здравјето на граѓаните.  Со ова ќе се отиде значителен чекор понапред во условите и начинот на практикување на здравството. Нашата цел е да решиме што е можно повеќе проблеми и да придонесеме за подобар и подостоинствен живот. Од нас нема да слушнете празни зборови, обвинувања и клевети, затоа што тоа не е наша одлика, туку конкретни и издржани дела. Затоа што ние имаме образ и знаеме како преку многу работа, труд и посветеност да создадеме дела. Ние и така ќе продолжиме- посочи Груевски на денешната промоција на нови проекти во здравството.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top