Една од низата мерки која ќе ја реализираме во наредниот период е комплетно реновирање и адаптација на објектот на Универзитетската клиника за кардиологија, посочи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на промоцијата на нови проекти во здравството.
-Ова е многу значајна инвестиција, имајќи предвид дека постојниот објект на Клиниката е стар околу 40-тина години и ова ќе биде прв поголем градежен зафат на оваа клиника. Ќе се изврши комплетно обновување на инфраструктурата и ентериерот на објектот, опфаќајќи ги одделот за интензивна нега, стационарот, и други содржини, со цел овозможување посовремени услови за третман на овие пациенти. Со комплетното реновирање на објектот ќе се овозможи и унапредување на функционалноста на лифтовите, енергетската ефикасност, затоплувањето, вентилацијата, водоводот, канализацијата, противпожарната заштита, а ќе бидат комплетно обновени и прозорците, вратите, подовите, плафоните, ѕидовите и покривите на објектот. Оваа инвестиција ќе изнесува околу 180 милиони денари и по завршување на комплетната реконструкција ќе се добијат современи услови за работа на македонските доктори- посочи Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на промоцијата на нови проекти во здравството.
Реновирањето ќе започне во 2019та година откако претходно ќе завршат сите неопходни законски процедури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски