| четврток, 6 декември 2018 |

Крими драма во Свети Николе: Старици лажеле дека насилниот сопруг се самоубил

Вчера околу 17.30 часот во ПС Свети Николе, Л.К.(68) од с.Богословец, светиниколско, телефонски пријавила дека во нивната куќа во дневната соба го пронашла починат нејзиниот сопруг Ф.К. (78), со прострелна рана во главата, а до него се наоѓал пиштол калибар 7,65.

По применото известување местото било обезбедено, а бил запознаен и Јавен обвинител.

Бил извршен разговор со Л.К. и нејзината мајка М.С(89) од истото село. Истите изјавиле дека околу 15.30 часот помеѓу Ф.К. (кој бил во алкохолизирана состојба) и Л.К., поради нарушени брачни односи, настанала расправија при што Ф.К. ја влечел за коса, а таа го удрила со дрво за огрев во пределот на главата. Според нивните изјави, Ф.К. почнал да им се заканува дека ќе ги убие и девете, по што тие, исплашени, излегле од куќата и отишле во помошниот објект. По извесно време слушнале еден истрел од огнено оружје и Л.К. и М.С. се вратиле во куќата, каде го затекнале Ф.К. застрелан во главата.

Во 20.50 часот Јавен обвинител започнал со вршење на увид, кој во 23.55 часот бил прекинат, со цел да продолжи денеска во содејство со доктор–обдуцент и крим.техника(балистика) од МВР, поради сомнителни околности, пронајдени три испукани чаури.

Заради расветлување на настанот, по налог на Јавен обвинител, Л.К. и М.С. се лишени од слобода и задржани во ПС Свети Николе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top