| четврток, 6 декември 2018 |

Асанж: Клинтон знаела дека ИД се финансира од Катар и Саудиска Арабија

Кандидатката за претседател на САД од Демократската партија, Хилари Клинтон, како што покажува нејзината кореспонденција, знаела дека групацијата Исламска држава се финансира од владите на Катар и Саудиска Арабија, изјави основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во интервју за руската телевизија РТ, јави ТАСС.

Асанж се повикува на имејл, напишан од Клинтон на почетокот на 2014 година, мошне брзо по заминувањето од функцијата државен секретар на САД до претседателот на нејзиниот изборен штаб, Џон Подеста.

– Според мене тоа е најважното писмо од сите преписки, рече тој.

– Во имејлот пишувало дека не некои шеици, туку Владата на Саудиска Арабија и Владата на Катар ја финансираат ИД, нагласи основачот на Викиликс.

Тој напомена дека најголемата вооружена зделка во историјата во вредност од 80 милијарди долари е склучена меѓу Саудијците и САД, додека Хилари Клинтон била државен секретар.

– Всушност додека Клинтон била државен секретар, двојно е зголемена сумата на вкупниот извоз на оружје на САД, додаде Асанж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top