| четврток, 6 декември 2018 |

Јаја Туре се извини во обид да ја спаси кариерата во Манчестер Сити

ture-i-gvardiola

Новиот тренер на Сити, Пеп Гвардиола му објави војна на Јаја Туре, откако неговиот агент се осмели да коментира за неговата работа. Поради тоа Шпанецот изјави дека Туре нема да заигра во првата екипа, се додека неговит агент не се извини на клубот. Тој ја искористи својата ФБ страна за да напише извинување до менаџментот на Манчестер Сити.

jaja-ture

– Би сакал да се извинам, од мое име и од име на сите оние кои ме застапуваат, на клубот и сите вработени за недоразбирањата во минатото. Тие изјави не се одразуваат на мојот поглед на клубот и сите оние кои работат за него. Јас имам само почит за клубот и му посакувам само најдобро во иднина. Сакам да играм фудбал и да ги забавувам фановите. Горд сум што сум дел од оваа екипа и би сакал да и помогнам во понатамошни успеси. И би сакал да им се заблагодарам на фановите и нивните пораки за време на тешкиот период. Тоа ми значи мене и на мојата фамилија – нашиша Јаја Туре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top