Стабилно и релативно топло време ќе има за време на престојниот викенд. По одделни котлини, како што соопштуваат од УХМР, ќе има појава на магла. Минималната температура утре ќе биде од 3 до 8, а максималната дневна од 15 до 19 степени.
В недела утринската температура ќе се движи од 5 до 9, а дневната од 16 до 21 степен.
Од понеделник под влијание на јужно воздушно струење ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи со променлив интензитет, а наместа ќе бидат и обилни. Локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен јужен ветер. Температурата во понеделник ќе биде од 6 до 22, во вторник од 7 до 21 степен, в среда од 6 до 19 степени и в четврток од 3 до 15 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.