Даут Динарица, лице осудено за насилство, предизвикување на тепачка користејќи оружје, до 26 август годинава година издржувал казна според 236 член 3 за кражба на предмети односно тешка кражба од големи размери кои според Казнениот закон предвидена е казна затвор од 3 до 10 години. Екстрадиран е од Шпанија.
Динарица во полициското досие има дури 39 тешки кражби, тешки кривични престапи и прекршувања на законот.
Динарица е човекот на кој се повикуваат опозициските медиуми, за да се демантира она што Диме Спасов го кажа во интервјуто за „ТВ Нова“.
„Се што кажа Диме Спасов во вчерашниот тв-настап е лага – тврди Даут Динарица, еден од сопатниците во возилото „пасат“ кое било удредно од возило марка „туарег“, што ноќта на 28 октомври го управувал заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов“, пишува „Дојче веле“.
Не е првпат зад техничкиот министер Оливер Спасовски да застануваат криминалци со дебели досиеја. Јавноста знае дека токму криминалците се оние кои што им го чуваат „грбот“ на опозициските функционери.
Апсурдно е што и покрај видеото кое беше објавено на „Сител“, на кое јасно се гледа дека нема никаков физички контакт помеѓу автомобилите на Спасов и „пасатот“, опозициските медиуми под водство на СДСМ, пренесуваат и се повикуваат на исказ на осуден криминалец.
Јавноста има очи и уши, не е ниту слепа ниту глува, па ваквите сценарија организирани од опозицијата не поминуваат кај нив.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Спасов: Предвидени се голем број проекти за подобрување на животниот стандард на граѓаните
-
СДСМ и Ременски немаат никаков кредибилитет да говорат за пензионерите
-
Никој во земјава не се чувствува безбедно: Чаушите во СДСМ организираа криминално–полициска местенка и медиумски линч на Диме Спасов
-
Шилегов фатен во лага: Ќе и се извини ли на јавноста?