Скопјанец му се обрати на крадецот со молба да му ги врати прстените зашто ветува дека ќе му даде парична награда. Тој објаснува дека бил на операција на слепо црево во болница поради што прстенот, кој му бил спомен од мајка му, и бурмата ѝ ги предал на неговата сестра.
– Таа, возејќи се накај дома, во автобус на ЈСП бр. 22 била ограбена на потегот „Симпо“ на булеварот Партизански одреди. Украден ѝ е новчаник со пари и документи како и овие две мои драги работи. Златен прстен, спомен од мојата штотуку почината мајка, како и венчалната бурма – вели оштетениот Борис В..
Случајот е пријавен во Полициска станица Ѓорче Петров.
– Не знаејќи што да направам, од причина што сентименталната вредност на овие две работи за мене е многу голема, еве се осмелив да дадам ваков оглас, молба и барање преку медиумите – вели скопјанецот, кој на крадецот му гарантира дискреција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.