| четврток, 6 декември 2018 |

Турција се подготвува за војна

Иако со многу големо задоцнување од над пет години, одлуката на турската Влада за купување на нови авиони-ловци од петтата генерацијата на Ф-35 од САД, вознемири многумина во Атина, каде до неодамна не обрнуваа големо значење на обемот на програмите за оружје на Турција, пишува грчкиот весник „Вима“.

Овие програми веќе извесно време се во тек и со нив земјата е на пат да се претвори во огромна сила, која би можела да реализира агресивни цели.

Гигантските програми за оружје не се однесуваат само на предиоста на Турција во воздух, каде и квалитативно и квантитативно Грција назадува.

Истото се случува и на море каде првпат Турција ја надмина Грција како морска сила, создавајќи флота која е способна да и предизвика несогледливи проблеми на Грција ако Анкара реши да преземе активности.

Станува збор за поморска флота која нема никаква врска со таа од времето на грчко-турскиот конфликт за островот Имија, а која многу наскоро ќе биде во состојба да предизвика повеќе од еден инцидент во Егејското Море.

Таа флота ќе претставува само можност да пробива морски патишта и да формира одбранбена зона во која во пракса ќе бидат блокирани грчките острови, а истовремено ќе создава непобедлива „огнена моќ“ во различни делови од Егејското Море.

Нема ни најмалку сомнеж дека Турција се подготвува за војна, затоа што плановите вклучуваат и конкретни операции на море со поддршка од воздух и кон нив ја адаптира својата структура на вооружените сили.

Што се однесува до борбените авиони од петтата генерација кои Турција планира да ги купи, освен борбената моќ која веќе предизвикува вознемиреност во Атина, се се сведува на фактот дека тоа се авиони од типот „стелт“.

Во пракса тоа значи дека нивните пилоти ќе можат да летаат незабележани во грчкиот воздушен простор, без да бидат видени, сопрени или пресретнати.

Турција не само што се вооружува. Турција се подготвува за обемна агресивна војна. И се подготвува систематски, ефикасно веќе извесно време.

Надвор од секоја реалност е да се мисли дека таа борбена моќ и со таквата решитленост за користење на оружјата која Турција веќе го демонстрираше по своите источни граници, е далеку од моментот кога таа ќе нападне и на западната страна. Покрај тоа што Турција на висок тон веќе го изрази своето неприфаќање на меѓународните договори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top