Дваесет и тригодишниот Марк Свонсон возел со 112 километри на час во зона во која предвидената брзина е до 100 км/ч. а кога ја здогледал сообраќајната камера, одлучил со два средни прста да го изрази својот бунт.
Тоа скапо го коштало.
Имено, камерата го уловила како во еден момент и двете раце ги трга од воланот, токму поради овој негов гест.
На суд тој се изјаснил како виновен за пребрзо возење и за возење без осигурување. Казнет е 300 фунти, а добил и забрана за управување со возило на шест месеци.
Фотографијата со неговите средни прсти во вис, пак, била искористена за пример.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.