| четврток, 6 декември 2018 |

Ме јадеа разни суштества, мислев дека нема да го доживеам следниот роденден

Еден маж од Австралија бил пронајден жив откако се изгубил во малезиска џунгла.

25-годишниот Ендру Гаскел исчезнал во националниот парк во областа Саравак. Тој не ги послушал прописите според кои посетителите на националниот парк Мулу треба да бидат во друштво на водич, пренесува Гардијан.

Во полиција неговото исчезнување го пријавило неговото семејство на 18. октомври, бидејќи не се јавувал. Спасувачки тим со околу 40 луѓе бил пратен во потрага по него.

Гаскел со телефон со слаба мрежа се симнал од планината и се изгубил, кога наишол на сплет од разни патеки.

gaskel-izguben-suma-04

-Доколку имав GPS или некој друг дел од опрема за навигација, ќе беше сè во ред. Тоа беше многу глупаво од моја страна, рекол тој.

Гаскел изјавил дека стапалата му биле повредени и дека тешко се движел.

-Моите нокти се инфицирани и разни суштества ме касаа, рекол тој.

Спасувачите го пронашле во вторникот. Тој вели дека преживеал благодарение на водата и билките кои ги пронашол во џунглата. Кога го пронашле бил слаб и прекриен со пијавици.

gaskel-izguben-suma-01, изјавил тој и им се извинил на родителите.

Гаскел бил свесен и можел да зборува, но бил многу слаб, па со хеликоптер го пренеле до градот Мири, каде моментално се наоѓа во болница.

Се очекува наскоро да заздрави целосно.

Спасувачите му кажале дека имал многу среќа што останал жив толку долго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top